Виктор Саздовски го фати светиот крст во с. Долни Балван, Општина Карбинци

Традицијата со положување на светиот крст во водите на река Брегалница продолжи во во Општина Карбинци. Со почеток од 11 часот светиот крст се фрли од мостот во селото Долни Балван. Годинава среќна се покажа за младиот Виктор Саздовски кој втора година се фрла по светиот крст во реката Брегалница, и посака годината да донесе многу здравје, среќа и берикет.

„ Ова е втора година како се фрлам, пар пат го фаќам“ – вели Саздовски

Градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов посака мир, здравје, среќана сите граѓани, а со подарок му честиташе и на среќникот кој го извади крстот од водите на Брегалница во село Долни Балван.

„На наше огромно задоволство оваа година ја продолжуваме традицијата која имаше прекин во претходната година заради оваа пандемија. Му честитам на Виктор, нека дава Бог здравје, среќа, бериќет и нека продолжи оваа традиција и во годините понатаму“ – додаде Паунов.

Светиот крст во Општина Карбиници гопдинава се положуваше на три места, во Карбинци, Долни Балван и за прв пат во приватен базен во село Таринци. Во Карбинци Ивица Мицевски е среќникот кој го фати крстот, а во Таринци Александар Андонов.

Лаура Стојанова М-Нет