
Брзите промени во општеството и денешниот начин на живот се сведува на фактот дека најголем дел од информациите се добиваат преку социјалните мрежи. Меѓутоа, за веродостојноста на истите никој не гарантира. Колку во нашетото општество се застапени дезинформациите и кои видови на дезинформации се забележани го прашавме професор Методи Хаџи Јанев кој беше дел од нашата емисија Зум Анализа. Според него, согласно истражувањето кое го спровеле има повеќе видови на дезинформации, кои се застапени во сите сфери од општеството.
„Ако сакате да ги систематизирате ќе видите дека дезинформации постојат на секое ниво, не по категории на граѓани, второ постојат дезинформации во економската сфера, од тоа дека имате лажни понуди за бизниси и така натаму до маркетинг и реклами. Понатаму имате дезинформации во здравствениот сектор, во однос на вакцините, здравјето, Коивд 19 и секако имате дезинформации кои имаат политичка цел. Можеме да кажаеме дека дезинформациите ги покриваат сите сектори во општеството“ – кажа Хаџи Јанев.
Според Хаџи Јанев обичниот човек потешко може да ги препознае и открие видовите на дезинформации, а понатаму и да се заштити од истите. Со цел да се направи првиот чекор е проектот со кој се подига свеста кај граѓаните за дезинформациите, по кој месецов излезе и студија во која за прв пат на нашите простори се споени дезинфорациите и родовата еднаквост.
Негативното влијание од дезинформациите може да се почуваства кај сите возрасти на граѓани, но најзастапено е кај децата. Денешениот начин на живот и дозволата на децата да користат интернет не ја гарантира нивната безбедност. Решението за овој проблем според Хаџи Јанев лежи во родителите, кои понатаму треба да имаат контрола врз она што прават, гледаат или играат нивните деца на интерент.
Лаура Стојанова М-Нет