Расте бројот на хоспиталиизрани ковид пациенти во Штип, омикрон во 4 општини од Истокот

Повторно забележан раст во бројот на хоспитализирани ковид пациенти на штипското инфективно одделение. Според денешниот извештај од болницата во последните 24 часа новопримени се девет пациенти, дома си заминале само тројца. Со ова бројот на хоспитализирани е 30, од кои поголемиот број односно 23 имаат потреба од кислородна поддршка и се приклучени на апарти за дишење. Вакцинирани се само четири лица. Споредбено со претходниот вторник бројот е зголемен двојно односно на 4 јанураи на болничко лекување биле само 15 пациенти. По недела дена регистрирано е и едно починато лице поради компликации од корона висрусот во штипскат болница на 66 годишна возраст од Штип. Моментално слободни се 30 ковид кревети на инфективното одделение, информираше портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска.

Во Кочани на Интреното одделение кое работеше како ковид оддел нема хоспитализирано ковид пациенти, потврдуваат од болницата.

Во општините од Истокот активни се 382 ковид случаи, најмногу во Штип 176. Во останатите општини од Истокот бројката е двоцифрена освен во М. Каменица и Пехчево каде има активни седум односно пет ковид случаи.

Меѓутоа, од Министерството за здравство информираат дека е зголем и бројот на реинфекции со ковид 19.

Министерството за здравство ја информира јавноста дека согласно анализите на Институтот за јавно здравје, во период од една седмица за 51%, е зголемен бројот на позитивни од тестирани на SARS-CoV-2. Регистрирани се заболени лица од сите возрасни групи. Најзастапени се возрасните групи на лица на возраст од 30-39(27%), 20-29(24%) и 40-49(17%). Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9(2%). Најголемо зголемување на заболени е кај возрасната група од 20-29 години како и кај возрасната група од 30-39 години. Во период од една недела односно од 3 до 9 јануари, пријавени се 946 реинфекции, со зголемување од 7 пати во однос на претходната недела“ – напишаа од МЗ.

Истовремено расте заразата со омикрон. Истиот е регистриран во 12 градови во државата од кои четири во Истокот. Седум случаи на омикрон има во Кочани, по два во Пехчево и Штип и еден во Виница.

Министерството за здравство, апелира граѓаните кои чуствуваат какви било симптоми, да направат тест и да се излоираат како би спречиле ширење на вирусот.

Лаура Стојанова М-Нет