Повеќе од половина година две возила на ЈП „Стипион“ стојат нефункционални

Еден камион мерцедес и еден помал камион застава се паркирани не функционални на паркингот на Македонија пат подружница Штип, а истите се на ЈП Стипион. Подолг период истите не се во функција, едното заради поголем дефект, другото бидејќи не е регистрирано. А, потреба од истите има потврди директорот на ЈП Стипион, Игор Ефтимов.

„ЈП „Стипион“ во овој момент има паркирано две возила на паркиралиштето кај Македонија пат и тоа еден камион мерцедес и едно камионче застава. Мерцедесот е во голем дефект, значи зарибано е возилото така да многу е сакпо за сега да треба да го направиме и да го ставиме во функција, додека малото возило сега го санираме проблемот со хидроуликата и за крато време тоа возило ќе биде регистрирано и ќе биде во функција“ – кажа Ефтимов.

Освен од овие две возила ЈП „Стипион“ има потреба и од дополнителни возила, меѓутоа најава за исти се уште нема. Ефтимов истакна дека можноста за набавка на нови возила ќе се разгледува во иднина. За сега со достапните возила во главно се излегува во пресрет на потребите на граѓаните, истовремено и за зимско одржување на патиштата и улиците во градот под Исарот.

Лаура Стојанова М-Нет