Шестта година по ред младите таленти од Источниот дел од државата имаат можност да ги покажат своите таленти и да се пријават на Глобалната иницијатива Creative Fellowship. Ова преставува отворен прозорец кон Европа на млади таленти од нашата држава. Имено, Глобалната иницијатива Creative Fellowship, покрената од европскиот инвеститор во радовишките рудници Бучим и Боров Дол, e во потрага по млади таленти кои сакаат да учествуваат во меѓународен музички перформанс.
Solway Investment Group, во соработка со светски познатиот Салцбуршки фестивал шеста година по ред им овозможува на талентираните тинејџери од источниот регион да ги презентираат своите способности на меѓународна сцена. @creative.fellowship потворно објавува јавен повик за седумесечната програма #espyme. Младите жители на Штип, Радовиш и Конче, на возраст од 14 до 17 години кои што пројавуваат интерес кон цртање, фотографирање, снимање филмови, дизајнирање, танцување, пеење, свирење на инструменти или каков било друг уметнички талент, се поканети да аплицираат. Крајниот рок за пријавување е 16 јануари, 2022 година на веб страница www.creativefellowship.org.
Програмата @creative.fellowship се состои од два изборни кругови и три партиципативни модули кои што имаат за цел да ги унапредат познавања на англискиот јазик на учесниците, да ги запознаат со основите на историјата на уметноста, да се запознаат со меѓународни уметници и да научат заеднички да создаваат уметнички проекти во соработка со останатите учесници од Гватемала и Украина.
Во јануари 2022 година, по првиот изборен круг, вкупно петнаесет кандидати од Северна Македонија ќе бидат примени во финалниот круг на селекција. Победничките финалисти од Северна Македонија, ќе добијат можност за бесплатно патување во Салцбург во јули 2022 година и ќе имаат можност да бидат дел од Салцбуршкиот фестивал во Австрија.