Ќе се палат ли годинава Бадникови огнови во Штип?

Традицијата за палење на Бадникови огнови во пресрет на Бадник и Божиќ под знак прашаланик. Имено, минатите неколку години ваквата пракса беше прекината и немаше палење на огнови. Конкретно минатата година тоа беше заради ковид пандемијата и со цел да не се собираат граѓаните на едно место и да се заштита од Ковид – 19. Поголем дел од анкетираните граѓани во Штип сметаат дека ова како традиција треба да продолжи да се практикува.

„Мислам дека оваа традиција треба да се практикува и во иднина. Огнови се палат, се палеа и во годините претходно.“

Бадниковите огнови се палеа секоја година во пресрет на големиот празник Бадник. Пред неколку години и МПЦ излезе со став дека вакви огнови не би требало да се палат, бидејќи се спротивни со црковините верувања.

Лаура Стојанова М-Нет