
Омикрон сојот детектиран и во Кочани. Имено, од Министерството за здрaвство информираат дека од 24 позитивни примероци Омикрон сојот е детектиран кај девет, од кој еден е од Кочани. Министерството за здравство ја информира јавноста дека во лабораторијата за вирусологија на Институтот за јавно здравје се направени анализи за детекција на сојот Омикрон на вирусот SARSCoV2.
Во лабораторијата изработени се 24 примероци позитивни на SARSCoV2, примероците се од пациенти од Скопје, Кочани, Велес, Гевгелија и Богданци.
Од вкупниот број тестирани, кај 9 пациенти, детектирана е Омикрон варијантата на вирусот, што изнесува 37,5% од позитивните примероци“ додаваат од МЗ.
Прв случај на сојот омикрон во Македонија беше детектиран на 22 декември, кај прележан и вакциниран патник кој дошол во земјава од Велика Британија, и имаше полесна клиничка слика.
Лаура Стојанова М-Нет