Ковид ситуацијата во општините од Истокот стабилна, нема починати лица

Инфективното одделение при Клиничка болница Штип со намален број ковид случаи ќе ја дочека новата 2022 година. Според извештајот од болницата во изминатите 24 часа ново примени се 2 пациенти, испишани тројац со што бројот на хоспитализирани е 19. Од нив вакцинирани се пет пациенти, а 15 имаат потреба од кислоордна поддршка односно се приклучен на апарати за дишење. Нема починати лица во последното деноноќие. Слободни се 41 ковид кревети на Инфективното одделение при Клиничка болница Штип, Марина Шуманска.

Во Кочани се уште нема хоспиталиизрано ковид пациенти на Интерното одделение.

Во општините од Истокот моментално активни се 217 ковид случаи, меѓутоа нема општина со троцифрена бројка активни корона пациенти. Најмногу има во Штип 87, во Кочани 52 и во Делчево 28. Пехчево е единствената општина со едноциферена бројка односно активен е само еден ковид слуај.

Според информации од Министерството за здравство заклучно со вчера, во земјата се направени вкупно 1.586.033 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 224.134, бројот на оздравени пациенти е 211.228, на починати е 7.935, а бројот на активни случаи изнесува 4.971.

Лаура Стојанова М-Нет