
Идентична ковид – ситуација и денес, во Истокот бројот на новозаболени со тенденција за пад. Вкупниот број на активни случаи во општините од истокот изнесува 234. Во Штип во изминатото деноноќие хоспитализирани се 23 пациенти, тројца испишани, а новопримени се двајца пациента. Нема починати. Од хоспитализираните, вакцинирани се четири пациента, а 18 имаат потреба од кислородна поддршка. Слободни се 37 кревети, од кои два се на дневна амбуланта.
Во Кочани и понатаму останува затворен ковид – центарот, нема новозаболени пациенти.
Од општините во Истокот најголем број на активни случаи има во Штип – 85, Кочани – 48 и Делчево – 27. Пехчево, пак, е со најмал број од само еден активен ковид случај.
Според Министерството за здравство, досега во земјата се направени вкупно 1.581.175 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 223.739, бројот на оздравени пациенти е 211.021, на починати е 7.917, а бројот на активни случаи изнесува 4.801.
Лаура Стојанова МНет