Приведен штипјанец, пронајдени марихуана, екстази, бела грутчеста материја, таблети и пари

На 26.12.2021, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип го лишиле од слобода М.Ж.(38) од Штип. При преглед во неговото возило околу 21.00 часот на ул.„Партизанска“ во Штип биле пронајдени и одземени марихуана, екстази, бела грутчеста материја, таблети и пари. Исто така, тој се однесувал агресивно и ги попречувал полициските службеници во извршување на службените дејствија. Се работи на целосно документирање на случајот, по што против М.Ж. ќе бидат поднесени соодветни пријави