Рокот за исплата на к 15 истекува, дел од вработените се уште неисплатени

На една недела до истекот на рокот во кој правните субјекти се задолжени за исплата на регрес за годишен одмор,популарно познат како к-15, дел од работодавачите сеуште ги немаат подмирено своите законски обврски.

Дел од вработените во приватниот сектор во последните денови од оваа календарска година очекуваат да им биде платен регресот за годишен одмор, додека дел велат дека имаат добиено к-15 навреме. Граѓаните на став дека к-15 е обврска која мора да биде исполнета од страна на газдите. Во однос на тоа што во период на пандемија дел од фирмите покажуваат загуби во работењето, граѓаните велат дека потешко оди исплатата, меѓутоа тоа не е оправдување за неисполнување на законската обврска од страна на сопствениците, бидејќи можни се решенија за исплаќање на рати во текот на годината.

Исто така,се потенцира фактот дека вработените не се доволно информирани за работничките права, а споствениците го злоупотребуваат тоа, па потребна е поголема едукација на тоа поле. Истовремено дел од граѓаните не ги оправдуваат барањата на јавната администриција да им биде исплаќано к-15 и не гледаат причина зошто би ги следувало таков надоместок.

Согласно Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, регресот за годишен одмор изнесува во висина од 40% од основицата на просечната плата. Право на к-15 имаат вработените од приватнитот сектор, со најмалку 6 месеци поминат стаж кај ист работодавец во текот на календарската година.

Лаура Стојанова М-Нет