
Риболовот како рекреација е доста застапен кај граѓаните во Општина Штип. Конкретно риболовот кој за повеќето е хоби, а истите риба ловат на повеќе места од река Брегалница. Душко лови риба повеќе од 30 години, вели сега е пензионер ама ова го прави за рекреација. Според него, во зависност од времеснкиот период и годишното време има различно риби во реката.
„Има риби, сега баш не им е сезоната. Јас сум пензионер, вака спортувам, се рекреирам“
Тој риба ловел на повеќе места, сега доаѓа само на Брегалница. Вели водата е чиста, рибите безбедни за јадење. Се случува да си отиде и без уловени риби, но барем спортува.
Рибите според Душко најмногу се мамат на трева, но тој користи и леб. Лови најчето навечер бидејќи водата е мирна.
За егзистенција Душко посочи дека само од риболов не може да се егзистира. Потребно е постабилна работа, а ова да биде спорт и рекреација. Тој рибите не ги продава бидејќи лови по малку и истите ги користи за ручек заедно со неговата сопруга. Но, поминатото време покрај реката за него влијае позитивно и затоа често е покрај Брегалница да рекреаира ловејќи риба.
Лаура Стојанова М-Нет