
По два месеци откако Штип доби нов градоначалник, односно Иван Јорданов ја презеде функцијата прв човек на градот под Исарот, неговиот приватен живот се чува како под стаклено ѕвоно. Во вчерашната емисија Зум анализа во која гостуваше Јорданов неговите блиски соработници, опозицијата и позицијата имаа можност да постават прашање за него. Што најчесто појадува, кој му е омилен фудбалер беа дел од прашањата.
„Искрено да одговорам бидејќи во најголем дел од годината ги практикувам постите најчеста конзумирана храна како појадок ми е ѓеврек. Но, можеби во последно време денот ми започнува со утринско кафе.
-Пандев или Елмас?
Дефинитивно Пандев“ – додаде Јорданов.
Јорданов знае и да запее кога е во друштво, потврди тој за М-Нет. Македонски, традиционални песни се неговите омилени.
„Да бидам искрен често кога еве неформално со моите пријатели, другари, роднини имаме средби знам да запеам. Не би можел конкретно да одговорам која е моја омилена песна, сепак тоа е од репертоарот на народни, староградски, македонски песни“ додаде Јорданов.
Јорданов по стапувањето на функцијата градоначалник работи по речиси цел ден, но батериите ги полни со неговото семејство и неговата ќерка.
Лаура Стојанова М-Нет