
Актерот Милорад Ангелов назначен за раководител на штипскиот театар. На вчерашното доделување на наградите по повод 98 годишнината од раѓањето на Ацо Шопов, признание меѓу другите му се додели и на Ангелов. И додека тој зборуваше дека ова ќе биде мотив и инспирација за наредната 2022 година, директорот на НУ-ЦК „Ацо Шопов“ Штип, Горан Трајков, симболично му врачи клуч од Народниот театар.
Инаку Ангелов дипломира на Националната Академија за Театар и Филм во Софија, постдипломските студии ги завршува во Скопје, а во Народен театар Штип работи како професионален актер од 2006 година. Дел е од претставите „Умри машки“, „Малограѓанска свадба“, „Ричард Трети“, „Крилја“, „ЕДИП коментари“, „Животот е прекрасен“ и други. Ангелов ќе биде раководител на театарот во наредните две години.
Ребека Спасова МНет