Приведен штипјанец, не почитувал судска одлука и физички ја нападнал поранешната сопруга

На 20.12.2021, полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода Е.Д.(42) од Штип затоа што околу 22.30 часот во семејниот дом во Штип физички ја нападнал неговата 40-годишна поранешна сопруга и со тоа не ја почитувал судската одлука со изречена мерка за заштита од семејно насилство. По комплетирање на случајот против Е.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава.