
На 20.12.2021, полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода Е.Д.(42) од Штип затоа што околу 22.30 часот во семејниот дом во Штип физички ја нападнал неговата 40-годишна поранешна сопруга и со тоа не ја почитувал судската одлука со изречена мерка за заштита од семејно насилство. По комплетирање на случајот против Е.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава.