
Финансиската ситуација во КЈП Водовод Кочани далеко од стабилна, дециден беше новиот вд директор Иван Иванов кој гостуваше во нашата емисија Зум анализа. И покрај изјавата на претходниот директор Киров дека на сметка на претпријатието остануваат средства, според Иванов ситуацијата не е стабилна. Меѓутоа, споредбено со јавните претпријтија во општините од регионот сепак е добра.
„На примопредавањето претходниот директор рече дека претпријатието го остава во одлична кондиција, меѓутоа мислам дека претпријатието е далеку од одлична кондиција. Беше оставено со минимални средства на сметката, меѓутоа сервисирањето во одно на плати, придонеси за разлика од некои други комунални претпријатија, ние на време ги сервисираме овие придонеси. Имавме оставено не платени сметки за електрична енергија од девети месец, еве сега ги сервисираме и тие“ – кажа Иванов.
Во претпријатие се вработени редовно 241 вработен и уште 30тина лица со договор на дело. Доволни се вели Иванов, но недостасуваат вработени во суштинската дејност на претпријатието. Загрижува фактот дека се помалку млади луѓе може да се мотивираат за својата егзистенција да ја бараат преку работа во Водовод, пред се заради ниските примања.
Во оваа прилика Иванов додаде дека вработените од КЈП Водовод ќе добијат и к15, можеби не со еднократна исплата, бидејќи претпријатие не располага со доволно финансиски средства, но нема да работничките права нема да бидат повредени.
Лаура Стојанова М-Нет