
На 11.12.2021, полициски службеници од Полициската станица Пробиштип го лишиле од слобода Ј.А.(42) од Пробиштип, бидејќи околу 15.45 часот на ул.„Христијан Тодоровски Карпош“ во Пробиштип, при физичка пресметка со Б.С.(67) од Пробиштип, на Б.С. му нанел тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. За настанот е запознаен Јавен обвинител и по целосно расчистување ќе биде поднесен соодветен поднесок