
Ситуацијата на ковид – одделите во болниците во Штип и Кочани речиси идентична како и вчера. Вкупно 32 ковид – позитивни пациенти се на Инфективното одделение во Штип, а од нив 22 се со потешка клиничка слика и се на кислородна поддршка. Вакцинирани се 10 лица. Во последните 24 часа испишани и оздравени се двајца, а новопримено е едно ковид – позитивно лице. На Инфективното одделение има 24 слободни места, а на Кожното одделение – 10, информира портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска.
Во Кочани, пак, хоспитализирани се четири пациенти, а од нив само еден не е на кислородна поддршка, односно тројца се на респиратори. Оздравен и испишан е еден пациент, а и новопримен е еден. Нема починати пациенти. На Интерното одделение, кое работи како ковид – оддел слободни се 23 кревети, информираат од болницата.
Според информациите од Институтот за јавно здравје, има 377 нови случаи на Ковид – 19, што е 10% од вкупниот број направени тестирања. Оздравени, пак, се 307 лица, а починале 12.
Во градовите од Источниот регион има вкупно 426 активни случаи на Ковид – 19. Најмногу се од Кочани – 109, а бројот е трицифен и во Штип – 102.
Досега во земјата се направени вкупно 1.500.087 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 219.100, бројот на оздравени пациенти е 205.700, на починати е 7.723, а бројот на активни случаи изнесува 5.677.
Ребека Спасова МНет