Сообраќајна незгода на патот Штип Кочани, едно возило завршило во нивите

Нова сообраќајна незгода на пладне се случи на регионалниот пат Штип – Кочани во близина на село Чардаклија, кога дошоло до судир на два автомобили, при што едниот излетал од патот во нивите. На возачот на едниот автомобил му се слошило при што изгубила свест и удрила во возилото пред неа со што истото излетало од патот. И двајцата возачи се живи, но со повреди за кои подетални информации ќе има во текот на денот. На лице место на настанот беа полициски службеници од полициската станица Штип, со подетални информации во текот на денот.