Ќе се променат ли навиките на штипјани, на пазар да се оди со торба?

Ќе донесе ли промена во навиките на граѓаните новата одулка за наплаќање на кесите. Денешниот прв пазарен ден во Општина Штип за овој месец, но и прв откако стапи на сила забраната за користење на пластични кеси, дел од граѓаните веќе си носеа торби за пазарување од дома, но друг дел се уште чекаа со купените производи да добија и кесе. На терен можеше да се забележо дека кеси се користеа, меѓутоа пред камерите никој од продавачите не сакаше да зборува. Позади објективот на камерата кажаа дека се трошат последните залихи од кеси кои ги имаат, а што понатаму не знаат ни тие самите. Особено збунети беа продавачите на ориз, грав, леќа, но и оние на спанаќ, мандарини. За поголем дел од купувачите цените на производите на пазарот не беа скапи, како што е скапа цената на едно кесе.

„Релативно за македонскиот граѓанин е скапо, за мене на пример не е. Гледам овде функционират кесите, во маркетите веќе 15 денари. Само иритира ме една работа, немав ништо против тоа да бидат 15 денари кесите, меѓутоа да бидат тие биоразградливи, а не истата кеса да ми ја продават во маркет 15 денари“

„Мислам малку скапо е. Си носиме торба се придржуваме на ова, ама тие кеси многу се скапи за нашите стандарди“

Одлуката за наплата на кесите стапи на сила на 1 декември, со што во маркетите за биоразградлива кеса се наплаќа по 15 денари. За продавачите на пазарот во средата овие кеси се уште не беа набавени, како и за дел од месарите во Штип.

Лаура Стојанова М-Нет