
Снегот нема да биде непријатно изненадување за Општина Кочани. Имено, КЈП „Водовод“ Кочани е подготвено со механизација, сол и песок за да им излезе во пресрет на барањта на граѓаните, во врска со зимското одржување на патиштата. Ова за М-Нет телевизија во телефонски раговор го потрвди новиот в.д. директор на ова претпријатие Иван Иванов, на вториот ден од преземањето на оваа функција.
„Еве можам да ви дадам некои информации дека сме подготвени во делот на зимско одржување, располагаме со соодветна механизација, со соодветни залихи на сол и песок. Имено, имаме 15 тони сол, околу 28 метри кубни песок, од механизација располагаме со трактор со нож и сеалка, фап 16, камион со нож за снег како и градежна машина со копач и предна корпа за чистење на снег“ – кажа Иванов.
Во врска во вработениот кадар во ова претпријатие Иванов истакна дека се уште се прават анализи за да може да се каже каде недостасува кадар и да се вработат нови лица.
Иванов во градоначалничката фотења седна вчера на местото на Андреј Киров.
Лаура Стојанова М-Нет