Меѓународната изложба на свети Јоаким Осоговски претставена и пред публиката во Штип

Отворена 35 меѓународна изложба на свети Јоаким Осоговски. Во просториите на фоајето на Дом на култура „Ацо Шопов“ Штип беа поставени слики од домашни и странски ументици, а изложбата беше отворена за сите граѓани.

„Она што е многу важно е дека оваа вредна колекција на уметнички дела кои се создаваат во манастирските делови од комплексот на свети Јоаким Осоговски едноставно оставаат уметниците трајни вредности со кои овие изложби шетаат низ Македонија и придонесуваат за развојот на културата“ – кажа Трајков.

Штипскиот центар за култура, но и публиката поздравот од кривопаланечкиот организтарот го примиле преку рачно напишано писмо, во кое стои дека колонијата одбележува 35 годишнина и дека со ова се овозможува поголема соработка.

„Во работата на колонијата во овие 35 години учествувале над 400 ликовни творци, од сите континенти кои оставиле во збирката на колонијата околу 600 дела. Замислите сега Крива Паланка има збирка од 600 дела од 600 експонати кои претставуваат творечки израз на автори од сите континенти“ – додаде Кацаров.

Во Штип освен колонијата од Крива Паланка, присутни беа претходно изложени и колонии од Струмица, Куманово, Ѓуриште итн. Ликовната дејност во Домот на култура „Ацо Шопов“ – Штип, ги следи настаните кои што се дел од работата на ликовните колонии како што беше и оваа од Крива Паланка.

Лаура Стојанова М-Нет