
Нови три медали освоија младите пливачи на клубот Челични од Штип на Меѓународниот митинг „Немо Куп 2021“ што се одржа во Скопје а на кој настапија пливачи од повеќе земји. Методи Георгиев во дисциплината Делфин на 200 м. освои сребрен медал, додека на 100 м, во истата дисциплина го освои бронзениот медал а Вероника Зашевска освои сребрен медал во дисциплината Делфин на 200 м. Ивона Наумова ги освои 5 и 6 место во дисциплината Слободно на 100 односно 400 м. Ова е уште еден одличен резултат на штипските пливачи под раководство на спортскиот педагог и тренер Мирко Јакимовски кои во континуитет го афирмираат градот Штип а за возврат немаат ниту базен, ниту било какви услови за тренинг.
Драгии Герасимов – Пушка Mnet.mk