
Ако претходниот викенд екипите на ЈП „Исар“ беа во паркот во населба Баби, утринава таргет беше наслебата Горна Железничка. Како дел од викенд еко акциите се чистеа контејнери и зелени површини, се собираше губре, отпад и смет со цел почист и поубав град. ВД директорот на ЈП „Исар“, Трајче Здравков посочи дека е задоволен од ваквите акции бидејќи во истите се вклучуваат и граѓаните и заеднички се чисти наоколу.
„Денеска ЈП „Исар“ ја остварува својата нова еко акција овој месец. Денес сме во населба Железничка, каде има целосно чистење на населбата, исфрлање на контејнери за смет, чистење на улиците, на мини депонии во ова населба, така да сакам да упатам една огромна благодарност до граѓаните на населба Железничка“ – кажа Здравков.
Во оваа прилика Здравков ги повика граѓаните на Штип да пријавуваат мини депонии или места на кои треба да се работи и кои треба да се исчистат, а екипите од ЈП „Исар“ да излезат на терен и да го сторат тоа.
„Ги повикувам и останатите граѓани од Општина Штип да даваат предлози за каде наредните недели да ги вршиме нашите еколошки акции. Задоволството е видливо на граѓаните од овие акции така да ЈП „Исар“ Штип во зависност од временските услови ќе продолжи и понатаму со истите“ – додаде Здравков.
Вакви еко викенд акции почнаа да се спроведуваат речиси секоја сабота, со цел сите населби во градот под Исарот да бидат опфатени, исчистени, а граѓаните да бидат задоволни со постигнатиот краен резултат.
Лаура Стојанова М-Нет