Средба Јорданов – Мицевски, што ќе добие Штип?

Остварена првата средба меѓу новиот градоначалник на Општина Штип, Иван Јорданов и координаторот на ВМРО ДПМНЕ и пратеник во Собранието Никола Мицевски. На оваа средба се разговараше за продолжување на заштитата ограда покрај река Отиња во Штип, но и за други проекти кои би биле од огромно значење за штипјани.

„Разговаравме во однос на средства кој што беа обезбедени од мене и него како пратеник со ребалансот на Буџетот, односно осум милиони денари средства за доуредување на заштитната ограда на река Отиња. Од она што го имам како информација од Министерството за финансии средствата стојат па денеска еве поразговаравме за динамиката на реализиација на овој проект.“ – кажа Мицевски.

Дополнително тема на дискусија беа предложените амандмани од страна на Мицевски за Буџетот за 2022 година, приоритетни прокети од големо значење за граѓаните.

Приорите е развојот на Општина Штип и со таа цел е денешната средба посочи првиот човек на градот под Исарот, Иван Јорданов. Ккао што кажа тој дел од предвидените проекти ќе се побара да бидат финансирани од државниот Буџет.

„Тие проекти опфаќаат низа на инфраструктура со која што ќе се подобри секојдневното функционирање и живеење на нашите сограѓани. Еве јас ќе издвојам исто така дел од проектите, канализација во населба Железничка, решавање на проблемот за вода за пиење за жителите од населба Каваклија и Суитлак, но исто така и други проекти кои што доколку поминат на Буџетската расправа јас сум сигурен дека ќе бидат во интерес на сите граѓани на Општина Штип“ – додаде Јорданов.

Преоктите се со различна вредност од 13, 60 милиони денари вели Мицевски додавајќи дека со најголема вредност е проектот за секундарна гасификација во град Штип вреден 300 милиони денари.

Лаура Стојанова М-Нет