
Младите таленти на ФК „Форца“ од Штип успешно настапија на ревијата „Рударски Куп 2021“ што традиционално се одржува во Македонска Каменица. Штипските фудбалери во финалето ја победија екипата на Брегалница од Делчево на пенали 3:2 а во регуларниот тек натпреварот заврши 2:2. Претходно во полуфиналето екипата на Форца ја победи екипата на Саса со резултат 3:0. Покрај освоениот победнички пехар,на овој турнир за најдобар голман беше прогласен штипјанецот Давид Јакимовски а за најдобар стрелец се прогласи Никола Јовановски а наградите на најдобрите им ги додели градоначалникот на Македонска Каменица Димче Атанасовски. Инаку координатор и главен тренер на екипата на Форца е спортскиот педагог Мирко Јакимовски на кого несебично му помага докажаниот фудбалски тренер Никола Полазаров.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk