Футсал мајсторот Петар Левков со 4 голови го „дешифрира“ – „Проект“

Извонредно фер, коректен, возбудлив и атрактивен футсал зачинет со дури 10 голови одиграа екипите на Астибо и на Проект од Јосифово. Штипските „ генијалци“ предводени од тренерот Илија Митров заиграа претпазливо респектирајќи го противникот и затоа првото полувреме заврши со резултат 1:0. Во второто полувреме ги видовме сите благодети на малиот фудбал со сите негови пријатни, но и возбудливи моменти. Астибо зголеми на 2:0, следуваше гол за гостите за резултат од 2:1. Астибо имаше и водство од 3:1 па следуваше една вистинска канонада на гостите и пресврт на резултатот на 3:4. Во финишот на средбата стапи на сцена „велемајсторот“ Петар Лефков кој со своите голови направи пресврт за конечен резултат Астибо – Проект 6:4. Токму Петар Левков беше играч на натпреварот со 4 постигнати голови а стрелци за Астибо беа уште Александар Божинов и Ивица Мацкиновски. Еве ги комплетните резултати од ова трето второлигашко коло:

  1. Кеги Моби – Клими 2:1
  2. Астибо – Проект 6:4
  3. СЕЕ У – Кардшлк 8:1
  4. Мал Ајакс – Велешта 14:4
  5. Форца – Овче Поле 11:2
  6. Конзули – Црешово Топче ќе играат вечерва.

Засега Астибо и Кеги Моби имаат максмални 9 освоени бодови а вечерва може да им се приклучи и тимот на Конзули ако во Битола ја победи екипата на Црешово топче. Токму во следното 4 коло ќе присуствуваме на вистински дерби натпревар во Велес помеѓу екипите на Кеги Моби и на Астибо а во Штип ќе има локално дерби Кардшлк – Мал Ајакс. Исто така интересно ќе биде и во Јосифово каде што ќе се сретнат Проект – Конзули.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk