
Четвртиот по ред пливачки митинг „Скопје Опен 2021“ во базенот Борис Трајковски беше зачинет со нов успех на штипските млади пливачи Во дисциплината Делфин на 200 м. Вероника Зашевска го освои второто место и сребрениот медал а успешен настап имаа и Ивона Наумова и Методи Георгиев во нивните дисциплини пласирајќи се од 5 – 8 место. На овој Меѓународен пливачки митинг настапија вкупно 220 пливачи од Македнија, Албанија, Австрија, БиХ, Хрватска, Косово и Кипар. И покрај немањето на елементарни услови за тренинг, немање на базен, подготвување по околните градови, штипските млади пливачки таленти предводени од тренерот Мирко Јакимовски продолжуваат во континуитет да постигнуваат одлични резултати и да „жнеат“ драгоцени трофеи кои ги красат витрините на клубот „Челични“ во Штип.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk