Денковски и Манев повторно во дресот на македонската репрезентација У – 21

Младата македонска селекција У – 21 ја очекуваат два квалификациски дуели за Европското првенство во 2023 г. На 11 ноември нашата млада селекција на фудбалскиот тренинг центар „ Петар Милошевски“ ќе се сретне со своите врсници од Украина, додека пак 5 дена подоцна на арената „Тодор Проески“ ќе гостува Франција. Засега составот на Украина забележа три победи и еден пораз и со 9 бодови се наоѓа на второто место на табелата. Нашата селекција оствари една победа, одигра две нерешени средби и доживеа еден пораз и со 5 освоени бодови е на третото место на табелата. Селекторот Драган Канатладовски на својот список веќе стандардно ги има имињата на двајца играчи на Брегалница, голманот Давид Денковски и штоперот Јован Манев кои веќе се и стандардни во првиот состав. Така ќе биде и овој пат, тие се повикани и ќе настапат на овие две исклучителнои важни средби на нашата млада селекција.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk