Одбојкарско дерби на истокот, во Штип ќе гостува екипата на Весна Пробиштип

Со одигрување на натпреварите од вонредното 6 коло продолжуваат одбојкарските возбудувања во Македонија. Екипата на Штип УГД досега прокнижи две победи и тоа на домашен терен против Јанта Волеј и Вардар, додека пак на три гостински натпревари доживеа пораз. Минатото коло екипата на Штип УГД гостуваше во Велес каде што загуби од Борец со резултат 3:0 во сетови. Веќе утре, среда во Штип на програмата е дерби натпреварот на истокот помеѓу екипите на Штип УГД и на Весна Пробиштип. Сите во Штип очекуваат добра, атрактивна, пожртвувана и пред се неизвесна игра на обете екипи со желба сепак штипјани да ја прокнижат и третата победа. Натпреварот Штип УГД – Весна Пробиштип ќе се одигра во салата Јордан Мијалков во Штип со почеток во 20.00 часот.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk