
За Специјализациите кои медицинските лица од Клиничка болница Штип ги добија во текот на летото, на 1 октомври добија и уверенија што значи дека истите заради ковид пандемијата не се лишени од можноста да одат на специјализација. Директорот на Клиничка болница Штип Ален Георгијев, истакна дека докторите може да одат на специјализција со единствен услов, одреденби денови да доаѓаат на работа на Инфективниот оддел при Клиничка болница Штип за помош доколку за тоа има потреба.
„Од октомври сите наши доктори кои што добија во текот на летото беше конкурсот за специјализации ние им ги доделивме, беа испратени нашите одлуки во Медицинскиот факултет и во Скопје и во Штип и на Стоматолошкиот факултет во Скопје, сите ги добија своите решенија, значи од почетокот на октомври сите специјализанти почнаа со обавување на специјализација, но со обврска одреден број денови во месецот да доаѓаат овде, да помагаат во Одделот за Инфективни болести, доколку има потреба“ – кажа Георгијев.
Од Клиничка болница Штип доделени се 12 специјализации, на лекари кои се вработени и работеа во штипската болница како секундарци, а сега се на специјализција.
Истовремено од пред два дена и одделот за неврологија при Клиничка болница Штип е вратена на старото место на Инфективното одделение, со сите неопходни работи кои недостасуваа како што е опрема, компјутери, средени соби и слично.
Лаура Стојанова М-Нет