Со положување свежо цвеќе одбележена 78 годишнината од смртта на Вита поп Јорданова

Утринава со положување свежо цвеќе на спомен обележјето на Викторија поп Јорданов се одбележа 78 годишнината од нејзината смрт. Со едно минутно молчење и се одаде почит на бистата пред Основниот суд во Штип, свежо цвеќе положија делегации од општината, сојузот на борци, претставници од Армијата, од средните и основни училишта, претставници од Судот и пријатели. Изостанаа само политичките партии.

„Денеска ја одбележуваме 78 годишнината од загинувањето на Викторија поп Јорданова Цена. Го одбележуваме денот кога таа на Карадак на планината Шара падна погодена од куршум. Падна Цена, но во нашите срца остана духот на Цена, остана духот на борецот и револуционерот за слобода на Македонија„ – кажа Мицевски.

На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов. За него ова е прв настан од ваков тип по неговото стапување на функција градоначалник.

„За да ја планираме иднината мора да го почитуваме минатото, да ги почитуваме сите борци и дејци кои ги положиле своите животи за денешната слобода и денешната Република Македонија“ – додаде Јорданов.

Вита поп Јорданов е родена на 07 февруари 1924 година, а загинала на 19 годишна возраст.

Лаура Стојанова М-Нет