
Караорман се чисти по најавата од вчера. Екипите на ЈП „Исар“ спроведоа голема саботна еколошка акција низ целата населба откако во текот на вчерашниот ден тамошните жители се пожалија на нечистотија и расфрлан смет. Директорот, Трајче Здравков, најави вакви чистења и низ другите населби во Штип.
„Како што најавивме во средата ЈП „Исар“ спроведува голема еколошка акција низ населбите во Општина Штип. Денес сме во населбата Караорман каде што вршиме целосно чистење и фрлање на сметот од оваа населба, значи со сите расположливи капацитети ЈП „Исар“ е во оваа населба и сакам да упатам една голема благодарност кон граѓаните што се приклучија и што даваат сугестии за нови диви депонии, за неисфрлени контејнери за смет. Како што ветив во средата ЈП „Исар“ се обврза и работи за 24 часа истите да ги исчисти“ – кажа Здравков.
Чистењето ќе се спроведе во текот на наредната недела и Здравков најави решавање на ваквите проблеми кои се под нивна надлежност низ целиот град во веќе наведените населби.
Ребека Спасова М-Нет