
По пет новопримени ковид пациенти за едно деноноќие регистрирани и во штипската и кочанската болница. Расте и бројот на хоспитализирани пациенти. Во штипската болница хоспитализирани се вкупно 50 ковид пациенти од кои 41 во модуларната ковид болница и девет на Кожното одделение кое работи како Ковид оддел. Во последните 24 часа нема испишани пациенти. Од хоспиталиизраните 37 се на кислородна поддршка, а вакцинирани се 14 лица. Во последното деноноќие две лица ја изгубиле битката со корона вирусот во штипската болница, едно на 60 годишна возраст од Пробиштип и едно лица на 85 годишна возраст од Кочани. Моментално слободни се шест ковид кревети во модуларната ковид болница во Штип и едно на Кожното одделение, информираше портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска.
Пораст на хспитализираните ковид пациент е регистриран и во Кочани. За 24 часа новопримени се пет лица испишани пациенти нема. Од хоспитализираните 17, на кислородна поддршка се четири пациенти, а вакцинирани се шест лица. Слободни се само десет кревети за ковид пациентите на Интерното одделение кое работи како ковид оддел, информираат од болницата.
Според информации од Институтот за јавно здравје во општините од Истокот активни се вкупно 504 ковид случаи, најмногу во Штип 193 и Кочани 126. Во останатите градови бројката е двоцифрена. Најмалку ковид случаи има во Пехчево односно само еден активен пациент.
Според информации од Министерството за здравство, заклучно со вчера во земјата се направени вкупно 1.344.538 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 197.197 бројката на оздравени пациенти е 183.474, на починати е 6.964, а бројот на активни случаи изнесува 6.759.
Лаура Стојанова М-Нет