Во Истокот ВМРО ДПМНЕ победи во четири општини, СДСМ во две, а втор круг ќе има во пет оптшини

По последните се уште не официјални резултати од страна на ДИК, од досега обработените гласови од локалните избори вчера во општините од Истокот во прв круг градоначалници добија Берово, Делчево, Штип, Виница, Зрновци и Карбинци. Во вториот круг ќе се знаат и градоначалниците на Кочани, Македонска Каменица, Пехчево, Пробиштип и Чешиново Облешево.

Во Општина Берово Звонко Пеќевски од СДСМ, доби доберба од граѓаните со 51.25%, во Делчево Горан Трајковски со 51,01%.
Кнадидатите од ВМРО ДПМНЕ довербата од граѓаните во прв круг ја добија во Штип односно Иван Јорданов со 54,22%, во Виница Миле Петков со 54,75 %  во Зрновци, Борчо Коцев со 54,54% и во Општина Карбинци, Виктор Паунов со 59,40%.

Вториот круг од изборите ќе се одржи на 31 октомври годинава. Во Кочани во првиот круг Николчо Илијев од СДСМ води со 48,16% пред Љупчо Папзов од Вмро ДПМНЕ кој доби 45,30%. Во Македоска Каменица, Соња Стаменкова од СДСМ води со 31,62% пред Димчо Атансовски со 29,82%. Во Општина Пехчево, Славчо Пандурски од СДСМ доби доверба од граѓаните со 39.83% пред Александар Китански од ВМРО ДПМНЕ кој добри 38.72% од гласовите. Во Пробиштип во втор круг влегуваат Драган Атансов од СДСМ с 49.37% од гласовите и Маријан Миленковски со 43.93%. И во Општина чешинов Облешево ќе има втор круг во кој за градоначалничќка фотелја ќе се борат Далибор Ангелов од ВМРО ДПМНЕ со 41,43% од гласовите добиени во првиот круг и Горанчо Крстев од СДСМ со 38%.

Во вториот круг одат само двајцата кандидати кои имале најмногу гласови во првиот круг, а победува оној што добил најмногу гласови.

Лаура Стојанова М-Нет