
Најмасовните и највозбудливите фудбалски Куп – натпревари продолжуваат со своите осмина – финални натпревари. Тимот на Брегалница на „градски“ во Штип ќе биде домакин на екипата на Охрид Лихнидос и веќе се одредени официјалните лица за овие Куп – натпревари. Главна „свирка“ на „градски“ во Штип ќе биде Доне Ристовски од Гевгелија на кого ќе му помагаат Тоше Ицев, Зоран Ангелов и Боби Величков како четврти судија. За Контролор е делегиран Илир Сеља од Струга а Делегат ќе биде Благоја Петров од Велес.Еве ги комплетните парови за осмина-финалните Куп – натпревари:
- Струга ТЛ – Борец
- Брегалница – Охрид Лихнидос
- А.Пандев – Македонија ЃП
- Шкендија – Ренова
- Беласица – Силекс
- Вардар – Скопје
- Пелистер – Работнички
- Шкупи – Тиквеш
Сите натпревари ќе се одиграат во среда 20 октомври 2021 г. со почеток во 14.00 часот.