Куп на Македонија: Брегалница во Штип ќе се сретне со тимот на Охрид

Најмасовните и највозбудливите фудбалски Куп – натпревари продолжуваат со своите осмина – финални натпревари. Тимот на Брегалница на „градски“ во Штип ќе биде домакин на екипата на Охрид Лихнидос и веќе се одредени официјалните лица за овие Куп – натпревари. Главна „свирка“ на „градски“ во Штип ќе биде Доне Ристовски од Гевгелија на кого ќе му помагаат Тоше Ицев, Зоран Ангелов и Боби Величков како четврти судија. За Контролор е делегиран Илир Сеља од Струга а Делегат ќе биде Благоја Петров од Велес.Еве ги комплетните парови за осмина-финалните Куп – натпревари:

  1. Струга ТЛ – Борец
  2. Брегалница – Охрид Лихнидос
  3. А.Пандев – Македонија ЃП
  4. Шкендија – Ренова
  5. Беласица – Силекс
  6. Вардар – Скопје
  7. Пелистер – Работнички
  8. Шкупи – Тиквеш

Сите натпревари ќе се одиграат во среда 20 октомври 2021 г. со почеток во 14.00 часот.