
Утринава во паркот К`ртеке во Штип на спомен обележјето кое е поставено минатата година одбележан денот за борба на работничките права. Поголем дел од работничките денеска беа на работа, па поччита беше оддадена со положување на свежо цвеќе од страна на претставници од „Гласен текстилец“. Претседателката на здружението Кристина Ампева истакна дел ова е еден мал гест, но повеќе од значаен кога се во прашање работничките особено во текстилната индустрија и нивните права. Корона пандемијата најмногу ги погоди токму нив, па денешниот ден треба да биде нов почеток за борба, почеток за тие да може да ги уживаат правата кои ги заслужуваат.
„Дојдовме денес ние како иницијатори на ова спомен обележје „Магичен конец“ да одадеме чест на борбата за правата на текстилните работнички. Ова спомен обележје е влезено во културно наследство и е изгласано на Совет на Општина Штип. овој ден 16 октомври е прогласен како ден за борба на текстилните работнички“ – кажа Ампева.
За денеска освен положувањето свежо цвеќе пред спомен обележјето „Магичен конец“ нема други планирани активности, меѓутоа овој ден ќе продолжи да се одбележува секоја година.
Лаура Стојанова М-Нет