Денеска гласаат болните и немоќни лица, како и ковид пациентите и лицата во изолација

Утринава започна гласањето на болни и изнемоштени и немоќни лица кои се пријавиле да гласаат во домашни услови. Според изјавата на претседателот на ОИК Штип, Виктор Вацев се се одвива според предвидениот план, и нема застој во остварувањето на демократското право на глас и на овие лица. Истовремно денеска гласаат и ковид лицата и оние кои се во излоација.

„Како што можете да видете се се одвива во најдобар ред за преземање на избирачкиот материјал од избирачките одбори. Денеска гласаат лицата кои се имаат пријавено за гласање во домашни услови. Од вкупно 149 пријавени лица, ОИК отккао ги разгледа сите потребни документи прифати 139 такви“ – кажа Вацев.

За ковид пациентите кои денеска гласаат во домашни услови составен е еден тим од медицински лица, кои ќе ги посети граѓаните во изолација почитувајќи ги сите мерки и пртотоколи за заштита од ковид 19.

Откако ќе заврши гласањето на болни, изнемоштени и немоќни лица, утре своето демократско право на глас може да го остварат сите граѓани во државата.

Лаура Стојанова М-Нет