
Со оглед на ниските температури, како и студеното и врнежливо време на градскиот пазар во Штип најзастапени беа тиквите. Производителите велат дека имајќи ја предвид високата нутритивна вредност, истите секогаш се барани од купувачите.
„Тиквата е отсекогаш барана оваа сезона. Цената е 20 денари од килограм. Имаме прекрасна тиква, вкусна, добро се пече, така што луѓето се задоволни и ја бараат многу.“
Иако за повеќето производи годинава беше сушна, за тиквата временските услови биле погодни, дури, можеби, и најпогодни од кога било.
„Како до добра тиква? Пред сè, треба да има добра почва, добро место каде што е сончево, доста треба да ја пече сонце, така што тоа е за неа карактеристиката. Мислам дека оваа година имаше најдобри услови. Имаше добро сонце цело лето, а важно беше само да имаш вода. Оние коишто немаа вода не можеа да произведат оти таа треба малку и да се наводнува.“
Најатрактивна и примамлива е периодов, кога ѝ е сезоната, а според производителите, поради лесниот начин на производство тиквата е достапна и ќе се произведува и понатаму.
Ребека Спасова МНет