Брегалница повторно домакин на „градски,“ овојпат на Македонија ЃП

Утре, сабота ќе се одиграат натпреварите од 10 коло на ПМФЛ во кое тимот на Брегалница ќа биде домакин на тимот на Македонија ЃП. Веќе се делегирани и официјалните лица за овој натпревар, главен судија во Штип ќе биде Александар Грујоски,прв помошник Лика Куштрим, втор помошник Зоран Јанкуловски сите од Кичево а четврти судија ќе биде Влатко Илиоски од Прилеп. За Контролор е делегиран Мендо Дивитаров од Битола а Делегат ќе биде Иван Путилин од Скопје. Еве ги комплетните двојки за ова 10 коло:

  1. Струга ТЛ – Борец
  2. А.Пандев – Шкендија
  3. Работнички – Скопје
  4. Тиквеш – Шкупи
  5. Ренова – Пелистер
  6. Брегалница – Македонија ЃП

Сите натпревари ќе се одиграат во сабота 16 октомври 2021 г.со почеток во 14.00 часот.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk