„Мајка од магла“ е новиот роман на хрватската писателка Габриела Давидовска – Баниќ. Ова е нејзина втора книга, но прва на македонска јазик. Мотивот, вели таа, е тоа што од неа побарале да ја преведе првата, но таа амбициозно понудила да напише нова книга.
„И за многу кратко време откако таа книга почна да се чита, мене ми се јави една многу драга личност од Македонија. Не знаев дека сама пишува, ниту дека планира да отвори издавачка куќа. Таа ми се јави и ми понуди да ја преведам книгата на македонски јазик. Тогаш јас таман бев почната со нова книга и наместо да изгубам цело лето за превод, одлучив да напишам нова за истата и просторно да биде сместена во Македонија“, истакна писателката.
Давидовска – Баниќ истакна дека веќе добива позитивни впечатоци од читателите кој успеале да ја купат и прочитаат. Сепак, со кратка содржина се обиде да ги интригира оние кои сè уште не го сториле тоа.
„Книгата е напишана за еден современ проблем, кој сите, за жал, го имаме повеќе или помалку. Сепак, во книгата е огромен и е малку претерано, иако и не мислам дека премногу е претерано. Ние сите знаеме да се најдеме во таков проблем, дури и јас како мајка знам да се најдам во таква ситуација. Јас сакав да ја направам поучна, иако не сум психолог. Сакав со оваа приказна да покажам како треба, а како не треба со деца“, додаде Давидовска – Баниќ.
Во план се и други нови книги кои ги пишува или се во изработка, а планира многу од нив да ги има и на хрватски и на македонски јазик.
Книгата може да се пронајде на веб – страницата на издавачката куќа, како и во книжарниците во Штип.
Ребека Спасова МНет
