Јорданов од населба Леваци: Промените се врз основа на потребите на граѓаните

Мини митинг, срдба со граѓаните или така наречен главен настан за денска беше реализиран во детското игралиште во населба Леваци на кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, Иван Јорданов и кандидатите за советници. Промени ќе се случат и овде истакна Јорданов, а промените значат подобрување на животот на граѓаните.

„Вечерва сме во населбата Леваци да поразговараме со жителите од оваа населба, затоа што овде ќе се случат промени, а промените ќе значат подобрување на патната инфраструктура, подобрување на уличното осветлување, промена на водоводната и канализациона мрежа како и други содржини кои ги нудиме во нашата изборна програма и кои ќе се случат по промените на 17 октомври“ – кажа Јорданов.

Со ваквите мини митинзи или средби со граѓаните ВМРО ДПМНЕ ги презентира своите изборни програми и ја бараат довербата на граѓаните на 17 октомври.

Лаура Стојанова М-Нет