
Вечерва во Ереван се одигра натпревар од 4 коло во рамките од квалификациите за ЕП во 2023 г. помеѓу селекциите У – 21 на Ерменија и Македонија . Нашата селекција ја оствари првата победа во својата група победувајќи со резултат 2:1 а стрелци на головите беа Ѓеоргиевски во 25 м. и Максимов во 84 м. а за Ерменија стрелец беше Григоријан во 90 м. Во дресот на Македонија сите 90 м. ги одиграа голманот Давид Денковски и штоперот Јован Манев инаку играчи на Брегалница од Штип. Македонија во првото коло загуби во Франција со резултат 3:0, во Охрид одигра 0:0 со Србија, на Фарските Острови одигра 1:1 а сега успеа во Ерменија да освои 3 бода. Франција е прва на табелата со 10 бодови, втора е Украина со 9, третото место го делат Македонија и Фарски острови со по 5 бода, на петтото место е селекцијата на Србија со 4бода и на 6 место е Ерменија со 3 бода.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk