Безбеден ли е или само „лесен“ начинот на подигнување т.н. брзи кредити?

До нашата редакција пристигнаа многу поплаки од граѓани дека на нивно име се издадени т.н. брзи кредити иако немаат аплицирано за ваков вид кредити. МНет телевизија реши да ги истражи ваквите појави. Граѓаните велат дека аплицираш онлајн и немаш обврска лично да се појавиш ниту да оставиш твој потпис. Се што е потребно се лични податоци и трансакциска сметка. Од овде често пати во билтенот на СВР Штип може да се видат пријави од лица кои биле измамени, на нивно име биле подигнати пари и слично. Последниот ваков случај беше претходната недела  кога ОВР Кочани  поднесе кривична пријава до јавното обвинителство против две лица, еден осуденик од Струга кој е на издржување затворска казна од седум години во затворот во Штип и едно лице од Штип кои измамиле кочанчанец при што на негово име извадиле над 76 илјади денари. Колку ова е изразено во пракса одговор побаравме од СВР Штип. Од таму заклучно со месец јуни годинава истакнаа дека против пет лица било поднесена кривична пријава до Јавното обвинителство бидејќи постојат основи на сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело „измама“ и „злоупотреба на лични податоци“. Во тој временски период биле имзмамени четири лица и на нивно име биле подигнати пари преку брзи кредити.

Колку се безбедни брзите кредите, но и начинот на нивно подигање одговор побараме и од Агенцијата за заштита на лични податоци. Дали регистрираните финансиски друштва имаат право да издадат брз кредит без физички да го видат лицето и како е докажан идентитетот без визуелен идентитет и без да се потпише граѓанинот на кредитот побаравме да ни одговорат од таму.

Заштита за  реализација на договори за потрошувачки кредит се уредува со Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити, кажаа од Агенцијата.

„Според трошоците за спроведување и природата, обемот, контекстот и целите на обработката, како и ризиците со различен степен на веројатност и сериозност за правата и слободите на физичките лица, Тоа подразбира на пример: Воспоставување на процедура за идентификација на кредитобарателите и обработка на нивните лични податоци; Правилник за техничките и организациските мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци; Процедура за пристап на субјектот на лични податоци кои се обработуваат од страна на контролорот итн. Агенцијата апелира до граѓаните дека може да поднесат Барање за утврдување на повреда на правото на заштита на личните податоци преку веб-страницата на Агенцијата или директно во нашите простории. “ – одговорија од агенцијата.

Од Организацијата на потрошувачи пак велат дека лицето кое бара склучување на договор за брз кредите претходно треба да има информации дали финансиските друштва се имаа регистрирано како такви. Податоците според нив од страна на самите друштва се целосно заштитени.

На крај ја контактиравме и Асоцијацијата на финансиски дрштва. Од таму велат дека работењето на финансиските друштва се заснова на Законот за финансиските друштва, Законот за заштита на потрошувачите при потрошувачки кредити, Законот за облигационите односи, Закон за спречување перење пари, како и сет на закони од областа на електронски документи, електронски потпис, Законот за заштита на личните податоци и други.

„Доколку клиентот аплицира онлајн, идентитетот на клиентот се потврдува од важечки документ за идентификација, кој претставува составен дел на апликацијата за кредит, исто така се користи и единствен код генериран во процесот на апликација кој може да се поврзе со идентитетот на корисникот. Дополнително, се прават проверки на податоците приложени од страна на клиентот , како што е во базата на податоци на КИБС, односно идентитетот на клиентот се поврзува со имателот на трансакциската сметка, пред да се направи трансфер на паричните средства и друго“ – додадоа од асоцијацијата на финансики друштва.

Лаура Стојанова М-Нет