
И населба Караорман е дел од изборната програма на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“ . Кандидатот за градноачалник на Штип од ВМРО ДПМНЕ, Иван Јорданов, и кандидатот за советник, Благојчо Анаќиев, преку промотивно видео истакнаа дека населба Караорман ќе добие и нов парк за најмaлите и резервоар за вода.
„Наша обврска ќе биде: изградба на парк со детски игралишта за најмладите во населба Караорман. Ќе изградиме нов резервоар за вода за пиење во Караорман со којшто, конечно, ќе го решиме проблемот со водоснабдувањето. Ќе ја доизградиме и завршиме црквата во населба Караорман“, истакнаа тие.
Со секојдневни идеи, проекти и ветувања политичката партија ВМРО – ДПМНЕ со кандидатот за градоначалник и листата на советници ја бараат довербата на граѓаните за 17 октомври.
Ребека Спасова МНет