
Викендов започнаа футсал возбудувањата во рамките од Првата лига на Македонија. Во ова прво коло беа одиграни вкупно 5 натпревари во кои до израз дојде гостинската доминација на екипите со три гостински победи, еден нерешен резултат и една победа на домакините. Еве ги комплетните резултати од ова прво коло:
- Шкендија – Арбен Бајрами 3:6
- Црна Река – Енхалон 7:6
- Карадаку – Велес 5:5
- Јувентус Серава – Шкупи 2:6
- Железарец – Проект 3:4
Колку за потсетување минатогодишен шампион во Првата Футсал лига на Македонија беше екипата на Проект од Валандово, а интересно годинава три штипски екипи ќе настапат во Втората Футсал лига на Македонија, Астибо, Мал Ајакс и Кардашлк.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk