Фудбал: Вечерва средба на најефикасните навали – на Македонија и на Германија

Неизвесен и мошне решавачки натпревар ја очекува македонската фудбалска репрезентација против благиот фаворит Германија. Првиот меч во Дуизбург донесе невидена македонска радост по сензационалната победа од 2:1 со головите на Пандев и на Елмас. Во сегашниот состав ќе ги нема Пандев кој се откажа од репрезентативниот дрес и Барди кој е повреден, но на располагање на селекторот Милевски се плејада на млади играчи кои ветуваат и влеваат надеж за добра национална радост. Топката е тркалеста и можни се секакви резултати, но неспорно е тоа дека ова ќе биде меч на најефикасните селекции во оваа „ Ј “ група., Германија е прва со 18 бодови и гол разлика 19:3 а Македонија е втора со 12 бодови и гол разлика 15:6. Со цел останување на врвот, односно на второто место кое води кон понатамошна развтска за СП, македонските репрезентативци ќе мора да одиграат тактички мудро, почитувајќи ги советите од клупата и задавајќи реализаторски удар со конечна цел за остварување на победа за празнична радост на армијата македонски навивачи. Владее голем интерес за овој меч, ќе бидат присутни и гостински навивачи и ќе биде мошне еуфорична атмосферата на спортската арена „Тодор Проески“вечерва во Скопје со надеж за победа и за големо славје.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk