Викендов започнаа футсал возбудувањата во рамките од Првата лига на Македонија

Викендов започнаа футсал возбудувањата во рамките од Првата лига на Македонија. Во ова прво коло беа одиграни вкупно 5 натпревари во кои до израз дојде гостинската доминација на екипите со три гостински победи, еден нерешен резултат и една победа на домакините. Еве ги комплетните резултати од ова прво коло:

  1. Шкендија – Арбен Бајрами 3:6
  2. Црна Река – Енхалон 7:6
  3. Карадаку – Велес 5:5
  4. Јувентус Серава – Шкупи 2:6
  5. Железарец – Проект 3:4

Колку за потсетување минатогодишен шампион во Првата Футсал лига на Македонија беше екипата на Проект од Валандово, а интересно годинава три штипски екипи ќе настапат во Втората Футсал лига на Македонија, Астибо, Мал Ајакс и Кардашлк.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk